САД– Balenciaga штотуку ја претстави својата кампања за пролет 2023 година, истакнувајќи ја линијата Garde-Robe со оскаровката Никол Кидман како свое најново лице, по нејзиното појавување на ревијата на брендот за Модната недела во Париз.
Обележувајќи нова ера во понудата за реди ту веар мода на Balenciaga, кампањата ги слави базните парчиња, нудејќи повнимателен поглед на луксузните волнени костуми , со акценти на свила, габардин и тексас. Во кампањата глуми Кидман заедно со актерите Изабел Ипер, Хан Со Хи заедно со моделите Бела Хадид и Кадим Сок.
Сместена во канцелариски простор на Менхетен, кампањата Garde-Robe покажува дека актерската екипа ги прифаќа ставовите на стереотипните деловни луѓе, претставувајќи здодевност, стрес, прекумерна самодоверба и уживање. Опкружени со секојдневни работни реквизити, Хадид и Кидман се прикажани среде низа фиксни телефони, десктоп компјутери, купишта хартија и картонски кутии.