Никој не сакал да го убие Мицко, си направи политички самоубиство, напиша Забрчанец

by fokus 22:54
22:54

Очигледно никој не сакал да го убие Мицко, туку станува збор за негов нов тежок политички фејл и за негово политичко самоубиство од заседа во обидот да предизвикаат меѓуетнички инцидент, напиша координаторот во Влада, Марјан Забрчанец.

-Нов фејл за пироманите Мицко и Димче. Си измонтираа тепачка меѓу себе со луѓе од нивниот коалиционен партнер Алијанса. За потсетување, Мицко објави опозициска коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Денешниов наводен wannabi убиец на Мицко да ти бил брат на функционер на Алијанса кој трчаше за кампањата на Данела за Град Скопје. Димче и Мицко се сликаа на иста маса со Таравари од Села во неуспешниот обид за ново мнозинство во Собранието, напиша Забрчанец.

Поврзани новости