Никој не му кажал на Хари кога починала кралицата, а тажната вест ја дознал читајќи вести на Интернет

by Fokus

Принцот Хари очајнички се обидувал да стигне кај својата баба, кралицата Елизабета за да се збогува со неа. Но, за жал, не успеал, а тажната вест дека таа починала ја дознал читајќи вести на интернет.

Тој дознал дека кралицата починала неколку часа подоцна, додека патувал кон Балморал, шкотската резиденција на кралицата. Инсајдер од Бакингемската палата изјави за „Page Six“ дека Хари тоа утро бил поканет во Шкотска од неговиот татко, новиот крал Чарлс Трети.

Но, друг извор од палатата потврди дека никој од кралското семејство, или било кој дворјанин, всушност не му се јавил на Хари за да му каже дека кралицата починала. Затоа Хари ја дознал тажната вест од насловите во медиумите кога слетал во Велика Британија.

Додека кралското семејство тагуваше за покојната кралица, Хари и неговата сопруга Меган Маркл поминаа најмногу време со своите роднини откако се откажаа од кралските улоги во јануари 2020 година. Сега прашањето е што да се прави со нивниот нарушен однос.

Поврзани новости