Никоб Медикал, квалитетна здравствена помош за граѓаните во секое време, разговор со директорката Татјана Баевска -Вучковиќ

by Fokus 15:07
15:07

Од неодамна здравствениот систем е зајакнат со две приватни здравствени установи со различна дејност едната е во делот на медицински здравствени услуги, а другата е во делот на лабораториски услуги- биохемиска и молекуларна дијагностика. Имено станува збор за ПЗУ Никоб Медикал и ПЗУ Никоб Лаб, кои според дејноста од интегрираниот здравствен систем медицинските услуги се на примарно ниво, додека лабораторијата е на секундарно ниво, вели во интервју за „Фокус“ директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ.

Со своето 23 годишно работно искуство во тек на кое започната кариера од прва скала како приправник до специјалист педијатар и субспецијалист педијатриски пулмоалерголог, магистрант по фармакоекономија и здравствен менаџмент, бројни едукации во однос на здравствен менаџмент а како најзначајна три месечен престој во Јапонија во 2010 год за Тренинг Програма за Управување со здравствени установи, Директор на Здравствен Дом Скопје во тек на 5 години и сето тоа допринесе во 2016г да се стекнам со награда од Европската Бизнис Асоцијација за Менаџер на годината во областа на Јавни здравствени установи. Идејата на човекот кој по возраст е млад но со големо искуство и решителност да започне една ваква приказна беше предизвик кој го прифатив да тимски заеднички создадеме нешто што недостасува а вооедно би овозможиле да биде достапно, квалитетно, функционално и препознатливо како што е препознатлив квалитетот и брендот на основачот, вели директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ.

- Advertisements -

Приватната здравствена установа „Никоб медикал“, е на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани.

Таа појаснува дека двете здравствени установи се тесно поврзани пред се во интерес на брза, достапна и квалитетна здравствена услуга за корисниците, а секако самиот предзнак на установите говори во прилог како основач е сопственикот на Никоб обезбедување.

 

Сите сме сведоци на тежок период  во кој живееме, кој ни даде можност да се свртиме кон нас и нашите блиски, да се помагаме и да цениме она што имаме и твориме. Во вакво тешко време и светска криза ние создадовме установи кои се самостојно финансирани, а вдомија многу здравствени работници и млади колеги кои се трудиме својата иднина и работна кариера да ја реализираат во сопствената земја. Следејќи ги актуелните состојби и потреби, за недостиг и ненавремен одговор за потребите на граѓаните за дел од видот на медицински услуги на примарно ниво, а воден од долгогодишно искуство во дел на брза интеревенција и безебедност и силна теренска логистика, основачот како најголем работодавец во државата, одлучува за сериозна капитална инвестиција во делот на простор, опрема и кадар за основање на ПЗУ Никоб Медикал, на кое се надоврза и инвестиција и основање и на Никоб Лаб со цел за доближување на услугите кога се најпотребни, вели директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ .

Таа за „Фокус“ појаснува дека ПЗУ Никоб Медикал е здравстена установа на примарно ниво со здравствени услуги со 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, здравствени услуги во ординација но и во домашни услови, а тоа опфаќа реализирање на физикален преглед, мерење на крвен притисок, ЕКГ, пулсоксиметрија, брзи тестови за проверка на шеќер, холестерол, триглицериди и анализа на мокрача, каде соодветно на наодот се дава совет, препорака или се ординира терапија. Исто така како во ординација така и во домашни услови располагаме со широка палета на медикаменти, суплементи за корисниците со соодветна апликација према потребата, апликација на катетер и тоалета на бешика, постоперативна нега и грижа, тоалета на рана и преврски.

Покрај споменатото располагаме со 7 амбулантни возила кои се најсовремено опремени, со кои можеме да реализираме брза медицинска интервенција кога понекогаш минути значат живот и медицински транспорт во градот, државата и надвор од државата. Исто така поседуваме и 2 санитетски возила за санитетски транспорт како и 3 возила за домашна посета. Согласно потребите на настани на јавни места како услуга имаме и медицинско обезбедување на истите. Целта ни е да ги доближиме услугите кои иако како базични во системот на некој начин остануваат занемарени, а во периодов на пандемија и секому кому беа потребни недостасуваа или доцна се добиваа, а сето тоа се одразува на квалитет на живот. Услугите се со пристапни цени бидејќи целта ни е да сме достапни, квалитетни и да имаме задоволни корисници кои секогаш кога им е потребна нашата помош да сметаат на нас. Корисниците можат нашите услуги да ги добијат преку 15515, апликација и веб страна, појаснува директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ.

ПЗУ Никоб Лаб е лабораторија со биохемиска и молекуларна дијагностика која според дејноста е установа на секундарно ниво со широка палета на лабораториски услуги. Лабораториските услуги се достапни за корисниците во самата лабораторија но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина. Располагаат со повеќе од 25 мобилни тимови кои земаат материјал теренски, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин ги приближуваат  услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.

-Во делот на биохемиските анализи располагаме со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика. Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање  на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет, вели директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ.

Таа вели дека ги следат актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија, и подготвени се да стартуваат со потребните услуги во лабораторијата Никоб Лаб, преку PCR тестирање, брзи антигенски тестови за Ковид-19, како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела- RBDIIгенерација

Водени од достапни и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, обезбеден ни е посебен павиљон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот,  доставуваме сертификат со QRкод и достапни цени. Реагенсите за сите анализи кои ги изработуваме се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската Здравствена Организација. Покрај Rt-qPCR метод на детекција на вирусот, од неодамна ексклузивност поседуваме за RT-LAMP Quiz Biochip метод за детекција на вирусот, светски најнова и врвна технологија каде се употребуваат биочипови за детекција на вирусот. Предноста е во најсовремена методологија каде времето на позитивност на вирусот е во 5-тата минута а негативност на вирусот во 60-та минута и на тој начин се добива ултра брз тест со 100% точност без можност за контаминација на материјалот, вели директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ

Согласно актуелната состојба во пресрет и во тек на летните годишни одмори, како и согласно препораките од СЗО за патувања, покрај пунктот во базата на лабораторијата, во тек на месец јуни оперативно се достапни и со мобилни екипи во градови во внатрешноста, пункт во близина на Хотел Фламинго,пункт во Дојран и пункт во близина на северната граница Комплекс Детоил. Покрај споменатите услугата ја овозможуваат и на ТАВ Аеродромите во Скопје и Охрид.

Покрај простор и опрема според правилникот за основање на здравствена установа располагаме и со соодветен кадар на здравствени работници – лекари, медицински сестри/техничари, здравствени соработници- биохемичари, лаборанти, молекуларни биолози, специјалист по медицинска биохемија, административен и технички кадар. Сите вработени во тек на подготовка на установите поминаа задолжителни обуки, период на симулации и тест период, соодветни обуки за медицинска и лабораториска апаратура, како и обуки за амбулантните возила. Изготвени упатства и протоколи за работа, современ и напреден софвтерски систем, со цел овозможување на квалитетна средина и најсовремени можности за работа. Интезивирање на тимска колегијална работна атмосфера со цел максимална ефикасност и продуктивност, појаснува директорката, Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ.

Во моментот се регистрирани за здравствени услуги со сопствена инвестиција и обезбедување на средства од основачот. Планираат развој во делот на секундарна здравствена заштита – специјалистичко консултативна дејност,на ниво на Поликлиника, па согласно напредокот и поширок спектар на услуги можеби во иднина и некои од услугите би биле со ФЗОМ и националниот систем на Мој Термин.

ПР

 

 

 

 

Поврзани новости