Ни животните не се поштедени од поплавите – апел за донации од здруженијата

by lali 13:18
13:18

Во катастрофата што ги зафати Србија и Босна и Херцеговина не беа поштедени ни животните… Се удавија голем број кучиња кои биле врзани за ланци во дворовите и не биле во можност да се спасат од водата што наидувала. Дел од жителите на Србија во подрачјата кои се најзафатени од поплавите раскажуваат дека со денови пред поплавите, нивните миленици биле вознемирени, како да имале претчувство дека нешто лошо ќе се случи.

Најгрозоморната глетка се случувала во општината Уб, каде што е прогласена вонредна состојба. Поплавата го зафатила прифатилиштето за животни, а кога две кучиња се удавиле, вработените вчера биле принудени да ги отворат кафезите и да пуштат 130 кучиња да се снаоѓаат како знаат и умеат.

- Advertisements -

„Моравме да ги пуштиме, во спротивно ќе се удавеа. Се надеваме дека ќе се снајдат… Ги повикувам да се јават сите оние што на некаков начин можат да ни помогнат да ги евакуираме. Немаме со што да ги извлечеме, бидејќи потребен ни е камион или трактор, а службеното возило на прифатилиштето ни е потопено во вода“, изјави Сузана Гојковиќ од прифатилиштето, за порталот „Животиње.рс“.

Во селото Грабовац, на 20 километри од Обреновац, опкружен со вода и е Дејан Милетиќ, во српската јавност познат и како „Српскиот Цезар Милан“, кој одбива да се раздели од неговите 18 кучиња и 4 мачки и моли за помош.  Тој веќе изјави дека без неговите миленици не оди никаде, па дури и под услов да загинат сите заедно.

Голем број жители од Србија преку социјалните мрежи бараат помош за нивните миленици кои останале врзани во дворовите…

Но, тука се и оние хуманите луѓе, кои имаат сочувство и почит кон секое живо суштество на кое му треба помош.

На следното видео можете да ги видите и храбрите луѓе кои сторија се за да извлечат кутре од водите на Западна Морава кај местото Врњци.

Сите љубители на животни утре на плоштадот Македонија во 12 часот можат да донесат сува храна, конзерви, поводници и кебиња за да се спасат што повеќе животни од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Настанот го организира Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ). 

Поврзани новости