Ни дождот не го спаси Собранието од чаталот на Шарената револуција

by fokus

Невремето во Скопје, не ги поколеба „шарените револуцинери”, за крај на протестот да го посетат и Собранието.

И покрај силниот дожд, командосите на Шарената револуција ги активираа катапултите и одново ја офарбаа фасадата на Собранието.

Претходно тие упаднаа во фонтаната и одблизу со детски пиштоли со боја, го офарбаа столбот на споменикот „Воин на коњ” и лавовите на плоштадот.

Владата пак, беше прва не мета не денешните протести, во чиј фокус беа полициските гонења на учесниците на Шарената револуција.

Поврзани новости