Ни денеска нема напредок, утре ново продолжение на конститутивната седница

by fokus

Ниту 13-тото продолжение на конститутивната седница на Собранието не донесе ништо ново. Продолжи истиот ритам со реплики и контра-реплики  од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и истите теми за „тиранска платформа“.

Тие бараа од СДСМ да се откаже од платформата, а како решенија ги гледаат или прифаќање на манифестот на ВМРО-ДПМНЕ или нови избори.

Пратениците од СДСМ, во попладневниот дел обвинија дека говорницата се злоупотребува за изнесување лаги. Седницата продолжува утре во 11 часот.

Поврзани новости