Незгода кај езерото во Крушево: Мотоциклист тешко повреден откако удрил во паркирано возило

by Fokus

Вчера попладне се случила сообраќајна незгода во близина на езерото во Крушево, кога мотоциклист удрил во паркирано возило. При незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки повреди.

„На 03.08.2020 во 14.37 часот на пат од место викано „Гумење“ кон езеро во Крушево се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.Т.(35) од с.Врбовец, крушевско, удрил во паркирано патничко возило „рено“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата Ж.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата Болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево“, велат од МВР.

Поврзани новости