Независните пратеници од ВМРО го осудија објавувањето на снимките: Се оградуваме од вакви игри

by Фокус

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди јавното објавување на аудио-снимките на кои се слуша како Христијан Мицкоски со нив разговара за Законот за јавно обвинителство. Од таму велат тврдат дека не снимале и бараат надлежните да утврдат кој го сторил тоа. Тие откриваат дека средбата се одржала во канцеларијата на координаторот на пратеничката група на ДПМНЕ Никола Мицевски.

„Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека на „Јутјуб“ каналот се објавени само исечоци од по неколку секунди од средба која, според нив, траела подолго.

Поврзани новости