Незадоволен тетовец избодел службеник на Министерство за земјоделие

by fokus

Службеник на Министерство за земјоделие бил избоден од тетовец кој бил незадоволен од неговата работа. 42-годишниот Ј.Р. од село Џепчиште ги извршувал вчера своите работни задачи во зградата на општина Тетово во канцеларија на подрачна единица на Министерството за земјоделие, кога непознато лице незадоволно од работата на Ј.Р. започнало расправија со него.

„По кратко време лицето повторно се вратило и со остар предмет на Ј.Р. му нанел убодна рана во пределот на десната подлактица. Повредениот сам се упатил во Клиничката болница во Тетово каде повредата му била санирана. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости