Неврохирургот Венко Филипче најверојатно ќе биде нов министер за здравство

by Fokus 20:00
20:00

Неврохирургот Венко Филипче најверојатно ќе биде нов министер за здравство, неофицијално дознава „Фокус“. Веќе три месеци министерското столче во здравствениот сектор е празно, откако екс министерот Арбен Таравари од Алијансата на Албанците ги доби локланите избори, односно стана градоначалник.

Филипче во моментот е советник за здравство во владата на Зоран Заев.

- Advertisements -

Покрај него, во игра се Христијан Костов кој е директор на Градската болница „8 Септември“ и урологот Сашо Дохчев, кој управува со скопската Клиника за урологија.

Во понеделник се очекува името на новиот министер за здравство да стигне на собраниска седница.

 

Поврзани новости