(ВИДЕО) Невреме во Скопје, со претходно невообичаено осветлување на небото

by fokus

Силни врнежи од дожд вечерва ја зафатија државата. Но пред дождот, особено во регионот на Скопје, претходеше чудно осветлување на небото, кое се повторуваше на неколку секунди.

Дел од граѓаните загрижено бараа информации што се случува.

,,Фокус” побара појаснување од синоптичар од УХМР кој појаснува дека  бранот бил широк со многу ниска облачност , поради што и глетката на небото била невообичаена.

Предмалку и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше дека Скопје ќе го зафати силно, но краткотрајно невреме.

 

Поврзани новости