1.1K
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека од север кон Скопската котлина се спушта нестабилна облачна маса од која се очекува во делови од котлината да има интензивен пороен дожд, силен ветер, чести електрични празнења и услови за појава на град.
Нестабилна облачна маса со интензивни процеси во форма на невреме се спушта од Демир Хисар кон Битола, предупредува УХМР.
Попладнево невреме го зафати и Крушево, а на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од град со големина на орев, којшто паѓал во Прилеп.