Краткотрајното невреме што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот.
Попладнево во скопски Аеродром позади поликлиниката „Јане Сандански“ паднало големо дрво.
Спорд информациите, за среќа во инцидентот нема повредени ниту оштетени возила.
Невремето откорна и кров саниран пред година-две кој падна на првиот поважен испит. Не го преживеа денешното невреме кое го зафати источниот дел од градот.
На снимката се гледа како лимениот кров се бори со ветерот и на крај ја губи битката.