Невреме синоќа ја зафати Македонија

by fokus

Силни електрични празнења ноќеска имало во Скопје и Тетово, а невреме го зафати Демир Хисар. Пороен дожд имаше во Скопскиот и Тетовскиот регион, а засега нема информации за штети. Демир Хисар пак буквално побеле од силниот дожд проследен со град.

И денеска се очекува променливо и нестабилно време, а од утре се очекува стабилизација на времето и покачување на температурите. Денеска температурите ќе бидат пониски од вчера.

Поврзани новости