Невработени се 218.601 граѓани, од кои 43.612 се со високо образование

by fokus

Во првото тримесечје од 2017 година активното население во Република Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени.

Ова е според  податоците на Државниот завод за статистика.

Од 218.601 невработени во Македонија,  6.319 се без завршено основно образование, 48.921 со основно, 13.786 се со 3 години средно, 102.094 со 4 години средно,  2.612 се со вишо, а 43.612 со високо образование.

Стапката на активност во овој период е 56.7, стапката на вработеност е 43.7, додека стапката на невработеност е 22.9.

Во земјава работоспособни се 1.679.462 луѓе.

За споредба, во последниот квартал лани 1.679.290 граѓани биле работоспособни, а во првиот квартал лани таа бројка била 1.678.411 луѓе.

Меѓу работоспособните луѓе во првото тромесечје од 2017 година најбројна е возрасната група од 25 до 49 години и во неа спаѓаат 777.271 луѓе.

Поврзани новости