Нетанјаху смени министер, поради изјава против судските реформи

by Фокус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант поради изјавата со која се спротивстави на реформите во судството.

Галант го повика Нетанјаху да ја запре ревизијата на судството. Тој рече дека планираната реформа во судството предизвика превирања во израелската војска и претставува закана за безбедноста на земјата.

Протестите во Израел против реформата на судството траат веќе 12 недели. Незадоволството кулминира по објавата на Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите, без оглед на судските процеси за корупција што се водат против него.

За критичарите  законот е скроен по мерка на Нетанјаху и ја поттикнува корупцијата.

Неколку стотици припадници на Армијата и на различните резервни состави веќе ја бојкотираат службата, а министерот за одбрана на Израел стана првиот човек во владината коалиција кој го прекина молкот и повика на итно запирање на спорниот план на екстремно десничарската влада за ревизија на судството во земјата.

Поврзани новости