Нетанјаху по убиството на повеќе од 400 Палестинци: Ова е само почеток

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешните воздушни напади врз Газа се „само почеток“.

Говорејќи во телевизиско обраќање, Нетанјаху рече: „Ова е само почеток. Ќе продолжиме да се бориме за да ги постигнеме сите цели во оваа војна“.

Тој како негови цели го наведе ослободувањето на сите израелски заложници во Газа и уништувањето на Хамас.

„Ние сме во екот на војната на седум фронта и ја добиваме битката“, продолжи тој.

Нетанјаху додаде дека армијата ќе продолжи да дејствува додека Хамас „веќе не биде закана“ и дека Израел ќе дејствува со „зголемен притисок“.

Поврзани новости