Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција со цел да се победи Хамас.

„Населението ќе биде преместено заради нивна заштита“, рече Нетанјаху во видеото објавено на мрежата Х.

Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да вршат рации и потоа да се повлечат.

„Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху.

Тој не објасни во детали колкав дел од територијата на енклавата ќе биде окупирана.

Поврзани новости