Несторовска на виенска конференција за миграција: Никој не може да се затвори во стаклено ѕвоно и да набљудува што се случува кај соседот

by fokus

Државниот секреатар Магдалена Несторовска, вчера и денеска присуствуваше на Виенската Конференција за партнерства за миграција – рамки за безбедна, уредна редовна миграција, во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ICMPD).  Несторовска беше панелист во делот „Партнерства за миграција и оперативна соработка“.

„Мигрантската криза е комплексен предизвик и бара комплексен, координиран и менаџиран одговор. Мигрантската криза бара искреност, посветеност на сите земји , на целата меѓународна зедница. Оваа криза бара максимална свесност на секој чинител дека проблемот на соседот е и твој проблем и дека никој не може херметички да се затвори во стаклено звоно и само да набљудува што се случува во соседната земја, во другите земји. Подршката која Република Македонија ја доби беше испит за многу земји. Испит кој се полагаше на нашата граница , ама го полагаа многу земји, го полагаше Европа . Овој испит го положивме, но тоа не значи дека во иднина нема да полагаме вакви или слични испити. Ова само покажува дека зедничкиот одговор на било која криза не е флоскула, туку е суштински и вистински опција за успех“, истакна Државниот секретар Несторовска.

Виенската Конференција за миграција е главен годишен настан на ICMPD, на кој воедно присуствуваат политичари, високи функционери, експерти и практичари, меѓународни и невладини организации. Академскиот свет и медиумите дебатираат за главните аспекти во градењето на иднината на миграциската политика. Воедно, на Конференцијата се дебатираше за концептот на Партнерствата за миграција како клучен аспект за градење на безбедна, уредна  и редовна миграција како што е утврдено со Њујоршката Декларација од 2016 година.

Поврзани новости