Нестабилното време продолжува, но со повисоки температури

by Fokus

Во текот на денешниот ден во нашата држава ќе имаме променливо облачно и топло време. Во попладневните часови и во текот на ноќта, особено на запад ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, на повеќе места повремено засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во текот на ноќта ќе има услови за локален слаб дожд а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 26 степени.

Потоа утре, особено од пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната дневна температура ќе биде малку пониска и ќе се искачува во интервалот од 18 до 26 степени.

Потоа од недела во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви пеориоди, попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и на почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости