Несреќа кај Радовиш: Загина 16-годишно девојче откако било прегазено од полуприколка на трактор

by Fokus

Вчера претпладне се случила несреќа на влезот во радовишкото село Габревци, откако 16-годишно девојче паднало од трактор и било прегазено од полуприколката.

„На 06.09.2020 во 10.10 часот било пријавено дека на влез од с.Габревци, радовишко, 16-годишна малолетничка од с.Габревци, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60) од истото село, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот.

Од МВР денеска информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш“, велат од МВР.

Поврзани новости