Нервозен велешанец ја обвинил касиерката дека му вратила помалку кусур, па и удрил шлаканица

by Fokus

Велешанец на возраст од 61 година вчера околу 14 часот направил драма во маркет во Велес, која на крај завршила со физички напад врз касиерката. Имено, тој ја обвинил касиерката дека наводно му вратила помалку кусур, па започнал расправија со неа. Караницата завршила со шлаканица од страна на купувачот врз 37-годишната жена, која случајот го пријавила во полиција.

-Нервозни времиња, нервозни луѓе. Дали навистина му биле вратени помалку пари, или можеби по пат изгубил дел од парите со кои тргнал на пазарење, но во секој случај, лош и без оправдување начин, за да се реши проблемот – коментираа велешани за настанот.

Од СВР Велес го потврдија случајот и информираат дека по целосно документирање на истиот ќе биде поднесена соодветна пријава. -На 14.02.2021 14.00 часот во СВР Велес, П.Ѓ.(37), вработена во продавница во Велес, пријавила дека била физички нападната на работното место од Ј.Ј.(61). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од таму.

Вики Клинчарова

Поврзани новости