Неправилности го следат изборот за претседател на СПУКМ

by Fokus

Студентскиот пленум денеска објави низа неправилности за изборот на гласањето на претседател на СПУКМ посочувајќи дека гласачкото ливче повеќе наликува на флаер, нема печат и нема регистерски број, туку се испишани само имињата на кандидатите.

Од Студентскиот пленум обвинуваат дека комисијата вопшто не ги легитимира студентите, ниту пак членовите на комисијата се легитимирале, кога тоа било побарано од нив.

Пултот за гласање е поставен на самата маса каде седи комисијата и единствено гласачката кутија е импровизиран параван меѓу гласачот и комисијата.

Пленумци денеска во 12 часот го блокираа изборот за претседател.

 

 

 

 

Поврзани новости