Непознато лице фрлило рачна бомба во двор од куќа во Драчево

by fokus

Во СВР Скопје утрово околу 04.13 часот било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.

Како што соопшти денеска МВР во експлозијата биле оштетени патнички возила „ауди“,„рено клио“ и „голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости