Ненов: Како членовите на Регулаторна комисија за енергетика си делеле бонуси и оделе на скапи патувања?

by Фокус

Исто како и членовите на Државната изборна комисија, и членовите на Регулаторната комисија за енергетика си делеле бонуси, обвинија граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење на денешниот протест.

-Да се испита како може да имаат толкави плати од 2.000 до 3.000 евра. Потоа, да се провери како се делеле бонуси, награди и како се договарале кој да оди на скапи службени патувања, со скапи авиони. Згора на тоа имале и службени картички со огромни суми – рече Марјан Ненов од здружението „ Но пасаран“.

Поврзани новости