Немаше доволно пратеници да се изгласа Делиџакова за заменик претседател на КХВ

by fokus 16:03
16:03

Немаше доволно пратеници на денешната собраниска седница за да се изгласа Лиле Делиџакова за заменик претседател на Комисијата за хартии од вредност. Откако заврши расправата претседавачот со седницата, Горан Мисовски, рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени за седницата кога ќе се гласа предлогот на Владата сестрата на обвинителката Катица Јанева да биде поставена за заменик претседател на КХВ.

На кратката расправа збор зедоа само двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, додека пратениците на СДСМ го премолчаа владиниот предлог.

- Advertisements -

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ побара предлогот да биде повлечен, додека неговата сопартијка Невенка Стаменковска рече дека Делиџакова два пати била бркана од работа во Царинската управа.

Како што рекоа тие, биографијата на предложените кандидати дури денеска им стигнала на мејл на пратениците, иако точката одамна беше закажана.

Поврзани новости