Немам коментар, вели Филимена Маневска на прашањето што барале со сопругот во „Орка“ додека СЈО вршело претрес

by fokus

Пензионираната судијка Филимена Маневска и нејзиниот сопруг, поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, биле во компанијата „Орка“, кога истражителите на СЈО влегле да извршат претрес, а во рамки на истрагата за „Империја“. Ова во своето сведочење го кажа обвинителката Лиле Стефанова на рочиштето за „Рекет“.

Што барале на 9 ноември минатата година, и тоа во утринските часови во компанијата, побаравме коментар од Филимена Маневска.

-Немам коментар. Такви лаги не сакам да коментирам, кусо одговори Маневска за „Фокус“.

Стефанова денеска истакна дека бизнисменот Орце Камчев бил информиран за претресот, бидејќи кога истражителите, во 6 часот утрото, влегле во неговиот дом, тој бил спремен, како и неговата сопруга, а на гости им бил и Зоран Милевски Кичеец. Како што рече Стефанова, мобилните телефони им биле сменети, односно имале нови, кои штотуку биле ставени во употреба, а исто така бил испразнет и сефот.

Во сведочењето се разјасни дека некој му дошепнал на Сашо Мијалков дека ќе има претрес, по што тој го информирал Ненад Јосифовиќ, кој му кажал на Кичеец, а тој пак на Камчев.

В.В.

Поврзани новости