Немало кој да земе примероци од Вардар во неделата, инспекторите биле на службен пат

by fokus

Ана Петровска, државниот секретар во Министерството за екологија, во вечерашната Топ Тема на телевизија Телма, изјави дека минатиот викенд кога од Арчелор Митал во Вардар истекле железните оксиди , кои ја обоија реката во жолто, државниот инспекторат не излегол на терен, бидејќи луѓето кои требало тоа да го направат – биле на службен пат.

-Во Понеделникот тие излегле на терен, но можноста за координирана акција во недела, да се земат примероци од реката и да се земат примероци од испустот, таа можност била пропуштена, изјави Петровска.

Поврзани новости