Нема знаци дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје, признаваат САД

by Fokus

САД не забележуваат ниту еден знак дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Тој рече дека нема посебен коментар за написот на „Њујорк Тајмс“ дека Русија наводно подготвува нуклеарни напади.

– САД континуирано ги следат чекорите на Москва откако Русија спомена можна употреба на нуклеарно оружје, а во моментов нема индиции дека такво нешто се подготвува – посочи Кирби.

Поврзани новости