Нема пријава дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е следено и прислушувано, истакна Чулев

by Fokus

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство“, рече Чулев.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници.

Поврзани новости