Нема пречка да почне со градба првата кула кај „Холидеј Ин“

by fokus 17:31
17:31

Првата од трите кули што треба да се градат кај „Холидеј Ин“ може да почне да се гради откако градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ја потпиша градежната дозвола, а барањето стана правосилно.

Според градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ нема пречка инвеститорите „Фешн груп“ и Македонска православна црква (МПЦ-ОА) да почнат да градат откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел.

- Advertisements -

За првата кула која треба да биде на 20 ката се уплатени комуналии од 2,4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа треба да се гради станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.

Поврзани новости