Нема патогени бактерии во „Гала кујна“

by fokus

На ден 17.08.2018 год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е известен за резултатите од микробиолошката анализа од земените примероци во Одделението за микробиологија при ЈЗУ ЦЈЗ Скопје според кои во брисевите од работните површини не се најдени патогени бактерии како и во испироците од раце на вработените лица.

Земениот примерокот вода ОДГОВАРА на законските и стручни прописи, согласно Правилник за безбедноста на водата (Сл.весник на РМ 46/08), додека примероците на храна НЕ ОДГОВАРААТ за употреба согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми на храната (Сл.весник на РМ бр.100/2013) за што е надлежна Агенцијата за храна и ветеринарство.

Согласно стручното мислење од Информацијата добиена од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, загадената храна претставува потенцијална можност за настанување на цревни инфекции, заради што постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција.

Со оглед на фактот дека од земените материјали од жива и нежива средина не се изолирани патогени бактерии, а при контролниот инспекциски надзор констаирано е дека превземени се наложените мерки, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 17.08.2018год, при контролниот инспекциски надзор, симната е лентата за забрана за работа и објектот од 18.08.2018 год ќе почне повторно со работа.

Поврзани новости