Нема намалување на платите во јавниот и приватниот сектор

by Fokus

Врз основа на аргументирани укажувања од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во ССМ, со новите мерки донесени од страна на Владата, нема да има  намалување на платите на вработените во администрацијата и јавниот сектор, а со тоа се спречи и намалување на платите во приватниот сектор за што како опасност, ССМ предупредуваше во изминатиот период.

Мерките кои денеска ги презентираше Претседателот на Владата Оливер Спасовски беа усогласени на седницата на Економско социјалниот совет која се одржа денес, 31.3.2020 година социјалните партнери, ССМ, ОРМ и Владата.

На седницата Социјалните партнери заеднички констатираа дека главен приоритет, во овој специфичен период е здравјето и животот на работниците и граѓаните, но дека состојбата не смее засега да се дозволи да премине и во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците.

Конструктивниот социјален дијалог и можноста претставниците на работниците да ги изнесат своите предлози и решенија за оваа состојба е главна алатка во овие специфични моменти преку која сите заедно можеме да придонесеме за зачувување на достоинството на работниците, а истовремено и да помогнеме на Македонската економија.

Апелираме сите заедно да си помогнеме и да се придржуваме до препораките на Министерството за здравство и Владата, за да можеме побрзо да ја најдминеме состојбата со Ковид -19, а со тоа и побрзо да останеме здрави и безбедни и да ја спречиме воведување на дополнителни мерки.

Сетот економски мерки предвидува:

  1. Се предвидува финансиска поддршка за приватниот сектор. Предмет на оваа финансиска поддршка за април и мај, во износ од 14.500 денари месечно по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Истиот број на вработени да се задржат заклучно со септември 2020 година. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските куќи.
  2. Помош на спортистите. Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари
  3. Помош за уметниците, за 141 ќе биде обезбедена минимална плата.
  4. Месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а за тие што останале без работа во кризата 24 месеци.
  5. Сите избрани и именувани функционери ќе имаат минимална плата од 14.500 на државно и локално ниво.
  6. Претседателите, членовите на управни и надзорни одбори од извршната и локалната власт и претседателите на советите нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата.
  7. Надомест од 7.000 денари за лица кои се дел од неформалната економија.
  8. Се запира законот за извршување до јуни, 2020 година.
  9. Одложување на кредитите на банките во рок од шест месеци.
  10. Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва.
  11. Да се одложи плаќањето на закуп на корисници за плаќањето на социјалните станови. Додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука за плаќањето на кириите.
  12. Дополнителни бескаматни кредити од дополнителни 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија во зависност од бројот на вработени.
  13. 50 милиони евра кредити од развојните банки.
  14. Се забранува отворање на стечајна постапка за време на криза и шест месеци после тоа.
  15. Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор заклучно со 31 мај.
  16. Формирање на солидарен Ковид19 фонд.
  17. Намалување на авторските хонорари од страна на државните институции.

Поврзани новости