Нема мерки за претпазливост за осомничените во „Тврдина”

by fokus

Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство и не им изрече мерки на претпазливост на двајца началници од МВР и еден архивар, осомничените во случајот „Тврдина”.

Барањето на СЈО, од кривичниот совет на Основниот суд Скопје е одбиено како неосновано, а со решението се потврдува одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ги санкционира тројцата осомничени.

Според СЈО, тројцата осомничени помогнале да се уништат системите со кои било извршено незаконското прислушување, по наредба на Горан Грујевски.

Претходно, Кривичниот совет ја одби и жалбата на СЈО против одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а место притвор за Грујевски- како што бараше СЈО,  изрече поблага мерка и му го одзеде пасошот.

Поврзани новости