Во синоќешниот напад во францускиот град Ница, во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени, нема жртви од Македонија, информира македонското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција.
Сочуство за загиантите и повредените со францускиот колега Франсоа Оланд изрази македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој соопшти:
„Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Ница, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Француската Република, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој грозоморен и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување. РM остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади и е солидарна со Француската Република во борбата против тероризмот…“.