Нема да има двојазичност на сите институции, уверува Заев

by fokus

Апсолутно нема да има двојазичност на сите институции на целата територија на Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во Министерството за земјоделство.

Законот за јазиците, според Заев, е во согласност со Уставот и со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени.

-Законот за јазиците е согласно Уставот. Онаму каде што има практична потреба и Уставот го дозволува тоа, законот така и ќе се реализира. Преку него гледам отстранување на некои потреби кои досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени. Тоа е унапредување на употребата на јазиците во Република Македонија – рече Заев.

Поврзани новости