Нелоски: Богоев не е свесен како беше да си студент во времето на СДСМ

by fokus

По денешната прес-конференција на пратеникот и претседател на СДММ, Стефан Богоев на која посочи дека трошоците на студентите се поголеми од минималната плата, со реакција се огласија од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на УМС, Владимир Нелоски му порача на Богоев „наместо да пресметува весела математика да ги погледне фактите во очи”, најбројувајќи ги сите проекти на владата намени за студентите.

–Да потсетиме дека во време на СДСМ кога државата ја водеа постарите партиски колеги на Богоев, студентите имаа само неколку стипендии кои редовно ги добиваа децата на црвената буржоазија на СДСМ. Денеска студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии, а воведена е и една од најважните стипендии за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети, што уште еднаш ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на младите – рече Нелоски.

Нелоски додаде дека некогаш студирањето било привилегија за децата на луѓето блиски до СДСМ, а денеска била реалност за сите.

Поврзани новости