Нелоска бара од Филипче да се изолираат сите вработени во Инфективна и да обезбеди опрема за сите лекари

by Frosina Fakova

Никој не е поштеден, никој нема изграден имунитет за овој вирус, вели магистерот по јавно здарвје, Ленче Нелоска во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма.

Таа му порача на министерот за здравство, Венко Филипче уште утре луѓето, кои се на првата борбена линија во борбата со корона вирусот, здравствените работнции од Инфективна клиника да се изолираат во хотел во близина на Инфективната клиника, да се чуваат со посебно внимание, да немаат контакт со своите семејства да имаат врвна опрема и побара неброени парчиња заштитна опрема и за лекарите од секундарното здравство, ракавици и маски за да можат да се заштитат и тие.

Таа порача дека мора да се спроведе масовно тестирање, најпрвин меѓу здравствените работници како што препорачува и Светската здравствена организација. Таа тврди дека можеби здравствените лекари на почетокот не го почитувале протоколот за опрема, но сега, тврди дека сите здравствени работници ги почитуваат протоколите. Забележува дека тие сами, преку лични контакти си бараат опрема.

Поврзани новости