,,Некст тајм’’ ја преработи „Слушам кај шумат шумите“: Актерката во спотот ќе се чува во тајност до промоцијата!

by fokus

По две години пауза, дуото ,,Некст Тајм’’ ќе ја промовира својата нова песна. Станува збор за обработка на старата македонска нумера „Слушам кај шумат шумите“, а промоцијата ќе се случи во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот, на десетти октомври.

За новата песна тие снимиле и спот, во кој се појавува позната македонска актерка, а чие име велат дека нема да го откријат се до промоцијата.

„Не би сакале многу да откриваме, но убедени сме дека публиката ќе биде воодушевена, бидејќи ова е нешто на кое што макотрпно работевме овие две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата „Ѓурѓа’’ – велат од дуото.

Спотот ќе биде објавен и на нивната фан страница на Фејсбук.

Вики Клинчарова

Поврзани новости