Неколку застрелани во трговски центар во Копенхаген

by Fokus

Неколку лица се застрелани, а едно е уапсено денеска во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција.

Полицијата на Твитер објави дека пристигнала во трговскиот центар „Филдс“ по пријави за пукање. Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.

Локалните медиуми објавија фотографии од вооружени полицајци на местото на настанот, како и луѓе кои бегаат од центарот.

Британскиот пејач Хари Стајлс треба да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време. Организаторот на концертот се уште не одговорил.

Поврзани новости