Некои ќе останат во Македонија, некои ќе фатат „џенем“: Матурантите ги кажаа желбите за иднината!

by Fokus

Матурантите од повеќе училишта од Скопје денеска заиграа квадрил на „Матурската парада“ која се одржа на плоштадот Македонија, која поради пандемијата две години беше на пауза.

„Фокус“ беше на терен и разговараше со дел од матурантите, кои ги искажаа своите желби и планови за иднината.

„Ќе продолжиме на Медицинскиот факултет во Скопје. Ни се допаѓа ова што го учиме и сакаме еден ден да бидеме доктори. Ако се променат состојбите, би останале во Македонија, инаку не. Не е сјајна ситуацијата“, велат матурантите.

Некои од нив од старт знаат дека иднината нема да ја поминат во Македонија, без разлика на се.

„Планирам иднината да ја продолжам во Америка, затоа што добро говорам англиски јазик. Би одела како волонтер за животни“

 

„Јас би одела на отсекот психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Се интересирам за оваа област уште од малечка, имам прочитано многу книги. Иднината ја гледам во странство“, велат матурантите.

Во последните неколку години, приватните академии се повеќе популарни од факултетите, затоа што им овозможуваат на матурантите за кратко време да се стекнат со добри вештини.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости