Некои агенции почнаа да ги откажуваат аранжманите за 8-ми Март за Италија

by fokus

По повикот на Владата граѓаните да ги откажат патувањата и екскурзиите за Италија поради корона вирусот, туристичката агенција „Фалкон травел“ објави на Фејсбук дека ги откажува патувањата за 8-ми Март за Италија.

– Ве известуваме дека сите патувања за 8ми Март поради корона ( COVID – 19 ) вирусот во Италија ќе бидат откажани од наша страна, поради безбедноста на нашите патници која секогаш ни е на прво место. Големиот број на патници кои имаа уплатено за овие дестинации можат да ги добијат во целост сите уплатени средства или пак да се префрлат на некое друго патување за друг термин, сооштуваат од „Фалкон травел.

-Со оглед на моменталната ситуација во Италија поврзана со корона вирусот, аранжманите кој ги имавме за посета на оваа држава ќе бидат откажани. Безбедноста на нашите патници е најважна. Поради ова пријавените патници на аранжманите во Италија имаат можност да се префрлат на останатите аранжмани за 8-ми Март или парите целосно ќе бидат рефундирани. Останатите наши аранжмани во Истанбул, Будимпешта со Виена и Прага, Дрезден и Братислава се со сигурна реализација и ќе се реализираат според предвидената програма. Ние сме постојано во контакт со нашите соработници од Турција, Унгарија и Чешка и овие земји се безбедни за патување, соопштија од Либеро травел.

Дел од Агенциите засега немаат објавено дека патувањата во Италија се откажани. Владата ги повика сите јавни институции да ги откажат патувањата.

Поврзани новости