Неизвесно е дали Мијалков денес ќе биде спроведен од затворот „Скопје“ на судењето за „Таргет и Тврдина“

by fokus 09:09
09:09

Откако екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, синоќа беше однесен во истражниот затвор „Скопје“, поради одреден притвор од 30 дена, неизвесно е дали денес ќе биде спроведен на судското рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“.

Поточно, во ваков случај Кривичниот суд треба да испрати наредба за спровод на обвинетиот до затворот, а од таму не откриваат дали наредбата е испратена.

- Advertisements -

На денешното рочиште требаше да продолжи сведочењето на Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски се оние кои ги обезбедија доказите за масовното нелегално прислушување. Токму со Лазаревски требаше да се соочи Мијалков, кој има право, како и останатите обвинети, да го испрашува сведокот.

Поврзани новости