Неготино денеска го надмина Кавадарци во позитивни случаи на корона вирус

by fokus

Во Неготино 14, а во Кавадарци 13 нови случаи на корона вирус се регистрирани денеска, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Во Росоман пак, има 4 нови случаи, а во Демир Капија три.

Ова се резултатите кои се пристигнати во центарот до сега, се очекува бројот на новоинфицирани да се зголеми во тек на ден, бидејќи се чекаат резултати од поголем број на брисеви.

-Најмладиот пациент од денес е од Неготино и има 12 години, додека најстариот има 83 години. Во Кавадарци се позитивни две воспитувачи во градинка, па поради тоа во изолација одат 28 деца од две групи и три воспитувачки – велат од центарот.

Изминативе неколку недели во Неготино се почести се двоцифрените бројки на новоинфицирани.
Според вчерашните податоци на МЗ во Неготино беа активни 202 случаи, а во Кавадарци 376.

Вики Клинчарова

Поврзани новости