Неготинец загина откако со трактор се превртел на нива

by fokus

Вчера попладне, 45-годишен неготинец загина, откако, додека извршувал земјоделски работи со својот трактор на нива, тракторот се превртел и тој починал.

„На 08.10.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино, велат од МВР.

Поврзани новости