Недолжни граѓани запишуваат имоти на функционери на нивно име, вели Ивановска

by Fokus 21:44
21:44

Недолжни граѓани го запишуваат имотот на функционери на нивно име за што добиваат противуслуга и кога ќе им заврши функцијата тие си го враќаат тој имот на свое име, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Гостувајќи во емисијата „24 анализа“ на Телеваиција 24, Ивановска истакна дека постои можност функционери да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција и дека се зборува за такви случаи, но дека Антикорупциската комисија нема ингеренции да ги разгледуваме имотите на граѓаните, туку само на избраните лица.

Таа информира и дека голем број од пријави на граѓаните до ДКСК се однесуваат на незадоволството од судските одлуки, по кои комисијата нема надлежност да постапува и ги препраќа до Судскиот совет.

– Од аспект на проверка на потеклото на имотот, ние не го испитуваме имотот на судиите, туку вршиме проверка на она што е пријавено во анкетниот лист, односно верификација на податоците, дали тоа што е пријавено се совпаѓа со тоа што е запишано во книгите, во катастарот. Наша надлежност е до тука. Доколку откриеме несразмерност во богатењето во однос на нивните месечни примања, тогаш тие предмети ги доставуваме до надлежни институции, рече Ивановска.

Поврзани новости