Неделкова: Кривичниот суд не е за заштита на осомничените политичари, а СЈО било формирано оти имало потреба

by Fokus

Одлуките на скопскиот Кривичен суд не се заштита за осомничените политичари бидејќи тие одлуки треба да го пројдат филтерот и на Апелација и на Врховен. Ова вчера во интервју за 360 на Алсат М го истакна актуелната ретседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

– Помагањето на првостепено ниво е сосема недоволно. Судските одлуки се евалуираат во повисоките инстанци, така што..- истакна Неделкова.

Таа, во интервјуто, призна дека е долгогодишен пријател со екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, но се брани дека тоа не влијаело во нејзиниот професионален живот.

Од друга страна искажа серија критики за неколку инстанци во секторот правда. Негативна оценка даде и на прашањето, дали претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски заслужува реизбор.

-Со оглед на тоа како ја извршува својата функција особено во последно време не верувам дека треба да добие уште една шанса- додава Неделкова.

Таа призна дека првин била против формирање на Спацијално јавно обвинителство, сепак потреба за такви интервенции постоела бидејќи постоечките тела не работеле најдобро во случаите на висока корупција и организиран криминал.

Поврзани новости