Неделава сончево, со температури до 28 степени

by fokus

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди и дневна температура до 24 Целзиусови степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 15 степени, Охрид 18, Битола 22, Кавадарци 25, Крива Паланка 21, Берово 20, Дојран 26.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 15 во Маврово, Берово 19, Охрид 20, Битола 22, Скопје 25 до 27 степени во Дојран.
Прогнозата и за наредните денови е сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 20 до 28 степени.

Поврзани новости