„Не земајте награди од рацете на осомничениот градоначалник!”

by fokus

Советничката од ВМРО-НП, Габриела Илиевска на денешната седница на општинската комисија за доделување на наградите „4 Ноември“ во Битола, одби да гласа и јавно ги повика добитниците да не земаат награди од рацете на градоначалникoт Владимир Талески, глевен oсомничен во случајот „Транспортер” на СЈО.

– Моето достоинство не ми дозволува да учествувам во нешто во кое Талески се однесува како да е нормално. Сметам дека не е нормално еден градоначалник, кој секој петок се пријавува во суд, да си дозволи да дели вакво врвно признанение. На човекот за кој од неговите министри слушнавме дека е наречан перфиден глумец и криминалец, ние треба да му дозволиме, покрај сите други криминали, да доделува и награди – изјави Илиевска и повика наградените да не ја земаат награда од рацете на Талески.

Претседателката на Советот на Општина Битола пак, Силвана Англевска, воедно претседател и на комисјата за доделување на наградите, во изјава за „Мета“ рече дека реакцијата на советничката Илиевска не попречило во донесувањето на одлуките. Таа порача дека Илиевска може да се однесува како што мисли, но дека сè дури не се докаже вината, Талески немало да се деградира.

На крајот, деветчлената комисија, во отсуство на Илиевска, сепак, донесе одлука наградата за животно дело да ѝ ја додели на Милица Шперовиќ-Рибарски.

Поврзани новости